Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Три рецепти за Новогодишни пијалоци кои одлично ќе се вклопат во вашата празнична атмосфера

Новогодишните празници се ближат. А, заедно со нив и пријатните вечери, кога можете официјално да се завиткате во ќебе, да го вклучите омилениот филм, да нарачате храна и да направите вкусен пијалок за загревање.

Ние ви ги нудиме трите највкусни пијалоци за оваа пригода.

Berry Grog

Состојки:

Зачинет рум – 50 мл
Пире од вишни – 50 мл
Пире од малина – 50 мл
Црн чај – 150 мл
Свежи бобинки за декорација


Начин на готвење:

Измешајте ги сите состојки во тенџере. Загревајте на тивок оган мешајќи.

Тргнете го тенџерето од оган без вриење.

Ставете ја течноста во чаша и декорирајте со бобинки.

Какао со алкохол

Состојки:

Бело чоколадо – 50 гр.
Крем ликер – 25 гр.
Млеко 3,2% – 150 мл.
Лижавче – 1
Чоколадни колачиња – 1
Нутела – 15 гр.
Какао – 20 гр.

Начин на готвење:

Загрејте го млекото, но без да зоврие, додадете ги белото чоколадо, какаото и нутелата, и мешајте темелно додека не се изедначи.

Додадете го кремастиот ликер, па истурете го во чаша и украсете го со шлаг, со бонбони или лижавчиња и чоколадно колаче.

Чај од мандарини

Мандарини – 2
Овошен сируп – 50 мл
Сок од половина лимон
Чај од јасмин – 10-12 листови
Цимет – 2 стапчиња
Топла вода – 300 мл

Начин на готвење:

Излупете ги мандарините, изрендајте ги и додадете сируп, сок од лимон и цимет. Истурете ја топлата вода врз подготвената смеса.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement