Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина јадат оброци со ограничени количини на храна. Ваквата диета тешко се одржува на долг рок и затоа со текот на времето повторно се дебелеат.
Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без да се откажуваат од харана се неисцрпен извор на информации за експертите.
Техничкиот истражувачки центар VTI од Финска четири месеци ги проучувал навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина. Истражувачите, предводени од д-р Ана-Лена Вуоринен, откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок.
Овошјето било најпопуларен избор за 51 отсто од испитаниците, 41 отсто јаделе млечни производи, додека 33 отсто избрале житарки.Најинтересно од се, само 26 отсто од испитаниците признале дека пијат кафе со појадок, додека останатите (74 отсто) одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош на кофеин.
Наместо ограничување на исхраната и избегнување на омилената храна, прекумерната тежина или зголемување на телесната тежина може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на своето тело и да даде приоритет на квалитетот, а не на квантитетот на оброците, објаснуваат резултатите од истражувањето на Ана- Леена Вуоринен.
