Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Трик за подготовка на најкремастиот „сладолед“ без ниту една капка млеко

Сладоледот се дефинира како ладен десерт базиран на млечни производи кои му даваат кремавост. Но, кремaстиот ладен десерт може да се направи и без капка кравјо млеко. Наместо тоа, користете авокадо.

Ледените стапчиња од авокадо имаат помал гликемиски индекс од класичниот сладолед, се подготвува за само пет минути, а може да ги консумираат луѓе кои јадат само храна од растително потекло.

Ако немате калап за правење стапчест сладолед, чувајте ја целата смеса во кутија и по замрзнување, направете топчиња и сервирајте на корнет или во чинии.

Состојки:

2 големи зрели авокада
200 мл незасладено кокосово млеко
3 лажици јаворов сируп (или мед)
2 лажици кокосов шеќер
2 лажици кокосови снегулки

Подготовка:

1. Исчистете го авокадото и измешајте го со кокосово млеко, јаворов сируп и една лажица кокосов шеќер додека не добиете изедначена смеса.

2. На дното од калапот за сладолед посипете мала количина на кокосови снегулки и додадете го преостанатиот кокосов шеќер

3. Внимателно истурете ја смесата во калапите.

4. Ставете ги стапчињата во замрзнувач да се замрзнат. За добра ледена густина потребни се околу десет часа.

5. Послужете ладно. Добар апетит!

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement