Сладоледот се дефинира како ладен десерт заснован на млечни производи кои му даваат кремастност. Но, кремастиот ладен десерт може да се направи и без капка кравјо млеко. Наместо тоа користете авокадо.
Стапчињата од мраз од авокадо имаат понизок гликемиски индекс од класичниот сладолед, се подготвуваат за само пет минути, а може да ги консумираат луѓе кои јадат само храна од растително потекло.
Доколку немате калап за правење сладолед на стап, чувајте ја целата смеса во кутија и по замрзнување направете топчиња и послужете со корнет или во чинии.
Состојки:
2 големи зрели авокада
200 мл незасладено млеко од кокос
3 лажици јаворов сируп (или мед)
2 лажици кокосов шеќер
2 лажици снегулки од кокос
Подготовка:
Излупете го авокадото и измешајте го со кокосово млеко, јаворов сируп и една лажица кокосов шеќер додека не добиете изедначена смеса.
Посипете малку снегулки од кокос и преостанатиот кокосов шеќер на дното на калапот за стапче за сладолед.
Внимателно истурете ја смесата во калапите.
Ставете ги стапчињата во ладилникот за замрзнување. Тоа од прилика ќе ви одземе околу десет часа.
Послужете ладено. Добар апетит!
