Состојки:
- 1 кг пилешко бело месо
- 200 гр варен црвен грав (може конзервиран)
- мали тортиљи
Маринада:
- 2 лажички лути пиперки
- 2 лажички лук во прав
- 1 лажичка сенф
- 4 дл кечап
- 2 лажици јаболков оцет
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажица бибер
Подготовка:
Прво направете маринада со добро мешање на сите состојки во еден поголем сад.
Подгответе тавче во кое ќе го испечете пилешкото и ќе го премачкате со малку маснотии.
Исечете го пилешкото малку на површината со нож на неколку места за подобро да ја апсорбирате марината.
Потоа ставете го пилешкото во садот со маринада и добро премачкајте го со раце. Пренесете го во сад за печење и префрлете го и остатокот од маринадата.
Печете во рерна загреана на 190 степени околу 40 минути додека пилешкото не се карамелизира и убаво се испече.
Кога ќе заврши, искинете го со вилушка во „ленти“.
Додадете варен грав и промешајте. Остатокот од маринадата не го фрлајте од печеното, додајте го во пилешкото и измешајте сè добро за да биде посочно.
Земете тортилја, наполнете ја со две лажици од филот и послужете ја со сосот по желба. Ќе оди добро со кисела павлака.
Ако не сакате грав, можете да користите грашок или слатка пченка. Можете исто така да ги комбинирате овие состојки.
Пријатно!
