Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Торта со чоколадо и лешник: Совршен колач со необични кори и воздушен фил! (РЕЦЕПТ

Состојки:

5 јајца, одделени жолчки и белки

300 гр шеќер во прав

1 лажица пченкарно брашно

125гр печени лешници, ситно исецкани

какао во прав – за посипување

За фил:

250 гр чоколадо за готвење, поделено на парчиња

200 слатка павлака

За чоколадни лешници:

50гр лешници

50 гр чоколадо за готвење – стопено

Подготовка:

Изматете ги белките во голем сад додека не се стегнат. Изматете го шеќерот, лажица по лажица. Повторно мешајте додека смесата не стане цврста и мазна Додадете брашно од пченка и лешници, а потоа со лажица смесата ставете ја во голема кеса за полнење со продолжение од 1 см.

Нацртајте круг со дијаметар од 23 см на 3 хартија за печење. Почнувајќи од средината на секој круг, нанесете ја смесата со еден удар, завршувајќи непосредно пред смесата да ја премине линијата. Печете ги сите три смеси во загреана рерна на 150 степени за време од час и половина, додека убаво зарумени и исушат. Извадете ги од рерна и префрлете ги во жица за ладење.

Загрејте ги чоколадото и павлаката во огноотпорна тава над тенџере со врела вода, мешајќи додека чоколадото не се стопи целосно. Тргнете го од оган и оставете да се олади околу еден час – додека не се стегне.

Направете чоколадни лешници. Со вилушка потопете ги лешниците во растопеното чоколадо додека не се покријат целосно. Оставете да се изладат на хартија за печење.

Изматете го чоколадниот фил додека не стане лесен и воздушен и користете го за да ја наполните кората и да направите торта. Украсете со чоколадни лешници и послужете го посеан со какао во прав.

Пријатен Апетит!

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement