Топлото чоколадо и есента едноставно одат заедно. Особено во оние студени вечери кога едноставно сакате да уживате во удобноста на вашиот дом и да се напиете нешто прекрасно и топло.
Шолјата топло чоколадо може да делува како утешна прегратка во која наоѓаме поддршка и смиреност. Ако ви треба ваков моќен напиток, кој ќе ве опушти пред спиење, препишете го следниот рецепт:
1 чаша бадемово млеко
1 лажица сурово какао во прав
1 лажичка цимет
1 лажичка путер
1 лажичка кокосово масло
нотка на морско оревче
¼ лажички кардамон
ванила, по желба
Загрејте го млекото речиси до степен на вриење, а потоа додадете ги наведените состојки, мешајќи ги едни со други додека не се соединат. Истурете во чаша и пијте го топло. Суровото какао, богато со магнезиум, ќе го смири нервниот систем и ќе ги релаксира мускулите, добрите масти ќе го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ќе ја ослободат напнатоста, вклучително и несоницата. Ароматичните зачини – кардамон, цимет и морско оревче – ќе го олеснат воспалението предизвикано од стрес и анксиозност со нивното антибактериско дејство.
