Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ТОПЛОТЕН БРАН И ТЕШКИ НОЌИ: Пет трикови кои ќе ви помогнат да спиете подобро

Времето е сончево и топло, а во наредните денови ќе биде уште потопло. И нив ќе ги одбележи топлотен бран, а предупредувањето го објави УХМР. Опасноста од топлотен бран ќе биде особено висока во периодот од 21 до 24 јули. Од Институтот, меѓу другото, препорачуваат да се држиме подалеку од горештините и да избегнуваме излегување во најтоплиот дел од денот.

Иако деновите се најлоши, ноќните температури обично се многу високи во овие услови, што кај многумина предизвикува проблеми со спиењето. Со цел барем малку да ви помогнеме со спиењето за време на топлотен бран, подолу одбравме неколку совети кои би требало да ви го олеснат спиењето на топло.

1. Не ја затворајте вратата од собата

За да тече воздухот, треба да ги држите прозорците и вратите отворени за да може воздухот да циркулира. Ако можете, отворете друг прозорец надвор од спалната соба (на пример во бањата или ходникот) за да поттикнете мало природно ветре.

2. Промената е добра

Ако сте немирни во текот на ноќта, обидете се да најдете нова поза во која ќе заспиете. Можете дури и целосно да се свртите и да ја префрлите перницата на дното на креветот. Ова ви дава поголема шанса да најдете поладно место што веќе не сте го загреале со вашето тело или да најдете подобра позиција за да ги искористите предностите на протокот на воздух.

3. Погрижете се вашата постелнина да дише

Полиестерот има тенденција да ја задржува топлината и е водоотпорен, што значи дека може да се „капете во пот“ која ќе биде заробена на вашата кожа. За лето изберете чаршафи направени од воздушни ткаенини како памук или лен. Нека биде додаток на летната декорација на домот кој го заслужувате и кој добро ќе ви дојде за време на жештините.

4. Подгответе се пред спиење

Пред спиење, измијте ги нозете и поминете ги зглобовите под ладна вода. Друг трик што можете да го користите е да ја изладите навлаката за перница во ладилникот пред да одите на спиење.

5. Направете ја и дневната подготовка

За да ја одржите температурата во станот што е можно поудобно и со тоа да ви ги олесниме ноќите, добро е подготовката да ја правите преку ден, а не мислиме само на вклучување на климата.

Во текот на денот се препорачува да ги затворите прозорците и ролетните (доколку ги имате), особено оние свртени кон сонце и да ги исклучите сите вештачки светла и што е можно повеќе електрични уреди. Заштитете ги прозорците на кои доаѓа утринското или попладневното сонце со тенди или драперии.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement