Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тиквички на скара со нане: Крцкави и освежувачки!

Тиквички на скара со нане се нашиот избор за вечерна закуска.

Тиквичките содржат голема количина калиум – околу 8% од препорачаната дневна доза на овој минерал.
Експертите велат дека калиумот може да биде од голема помош кога станува збор за контрола на крвниот притисок, бидејќи ги намалува штетните ефекти на солта во нашето тело. Истражувањата покажуваат дека зголемувањето на внесот на калиум може да го намали ризикот од мозочен удар, како и да ги намали шансите за развој на срцеви заболувања.

Исто така, тиквичките се богати со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и нѐ прави поздрави. Покрај тоа, тиквичките содржат многу малку калории, па затоа се идеални за луѓе кои сакаат да ја регулираат телесната тежина.

Од друга страна, нането има корисен ефект врз органите за варење, и покрај тоа, се покажа дека е ефикасно во третманот на настинки и грип. Ова растение смирува, спречува иритација на кожата…

Сосема доволно причини зошто треба да ги комбинираме овие две намирници во вкусен, здрав и вегански оброк. Еве како!

Состојки:

  • 3 тиквички со средна големина
  • 1 праз (или 3 помали кромид)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1/4 чаша тахини
  • 1/4 чаша лисја од нане
  • сол, бибер

Подготовка:

Загрејте тава или скара

  • Исечкајте ги тиквичките на парчиња и измешајте ги со лажица масло и половина лажица сол.
  • Додадете сецкан праз (или кромид) и промешајте.
  • Оставете да отстои околу 10 минути, оставете ги тиквичките да ја ослободат водата.
  • Во меѓувреме, додадете лук, тахини, сок од лимон и 2 лажици нане во блендерот и изблендирајте.
  • Додадете уште две лажици маслиново масло и бибер по вкус во смесата.
  • На тивок оган, кратко пропржете ги тиквичките и празот.
  • Отстранете го зеленчукот на чинија и истурете ја смесата од тахини, лук и нане.
  • Аранжирајте со неколку листови нане.

Служете топло! Добар апетит!

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement