Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната на витката линија на Софија Вергара: Таа има 3 правила кои ги следи секој ден…

Актерката Софија Вергара пред само два дена на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија во бикини која ги остави сите без здив.

Рамниот стомак и затегнатото тело направија многу, дури и помлади девојки, да се запрашаат како Софија на 50 години успева да изгледа 20 години помладо.

Како што пишува Eatthis, Софија има три правила кои ги следи, а тие најверојатно се заслужни за нејзиниот феноменален изглед.

  1. Правете сè во умерени количини
    Вергара пред неколку години во едно интервју откри дека се прави умерено. Имено, таа не јаде многу, не вежба и не прави ништо премногу.
  • Многу е важно секој ден да нанесувате крема со заштитен фактор и да ги почитувате работите што ви ги кажува вашиот дерматолог – изјавила Софија.

2.Бројте калории

Софија избегнува да јаде многу јаглехидрати и се труди да внесува онолку калории колку што е препорачано.

Јадењето во умерени количини значи дека не внесувате повеќе калории отколку што му треба на вашето тело за правилно функционирање.

  1. Јаде храна богата со хранливи материи
    Појадокот на Вергара се состои од јогурт со мусли, чиа семе, овес и боровинки. Ручекот може да вклучува посни протеини како риба и свежа салата. За вечера јаде суши и ориз или парен зеленчук во комбинација со посни протеини.

Сепак, иако се храни здраво и вежба, Софија вели дека сака слатки.

  • Моето најголемо искушение, она без што не можам да живеам е колачот. Секогаш морам да имам торта во мојата куќа – открила таа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement