Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната на витката линија на Меган Маркл: Вака изгледа нејзиното мени…

Меган во текот на неделата практикува веганска исхрана, а за викендите нема ограничувања.

Кога некој ќе ја спомне Меган Маркл, првото нешто што им паѓа на ум на повеќето луѓе е нејзината беспрекорна облека, а потоа витката фигура која ја одржува совршена и на 41 година и по две породувања.

Нејзината фигура особено дојде до израз во последните неколку месеци, па истражувавме каква диета следи Меган.

Сигурно дека Меган Маркл поддржува и практикува здрав начин на живот, тренира, практикува јога, но исхраната најмногу и помага во одржувањето на витката линија.

Меган не крие дека е голем гурман, но љубовта кон храната успеала да ја усогласи со принципите на урамнотежена исхрана, со мал исклучок – не е толку ригорозна, а понекогаш си дозволува да ужива во омилената и не толку здрава храна.

Според „Фабон“, Меган во текот на неделата практикува веганска исхрана, а за викендите јаде што сака.

Меган сака да готви, а не и е тешко да подготвува здрава храна, а една од омилените здрави алтернативи и е домашниот чипс од кељ, како и домашниот зелен сок, кој ги заменува оние купени во продавница.

Всушност, диетата на Меган не е комплицирана и вклучува многу зелени домашни сокови и храна зготвена со разни билки и зеленчук.

План за исхрана на Меган Маркл

Првиот принцип на нејзината исхрана е: никогаш не прескокнувајте појадок. Таа навистина се труди својот прв оброк да го направи хранлив и здрав.

Појадок: Меган секое утро го започнува со чаша млака вода во која цеди лимон. Потоа следува појадок: овесна каша со банана и мед или сируп од агава или пудинг со чиа семе. Таа, исто така, јаде омлет со сирење, пржени јајца и тост од авокадо. Меган, исто така, често јаде торта од боровинки со крцкава сланина и јаворов сируп.

Ручек: Салата со храна богата со протеини или рибни тако со полнети пиперки.

Ужина: Путер од јаболко и бадем. Лубеница посипана со цимет. Зелен сок и домашен чипс од кељ со маслиново масло.

Вечера: Пилешко варено на филипински начин. Свежа морска храна. Тестенини со тиквички и сирење.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement