Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната на беспрекорниот изглед на Хали Бери: Во шестата деценија има линија како тинејџерка

Актерката е позната по тоа што се грижи за исхраната и редовно вежба…

Американската актерка Хали Бери (55) со децении важи за една од најатрактивните жени во светот. Без разлика на бројот на роденденски свеќички, актерката во шестата деценија од животот е  вистинска атлета, а нејзината голема мотивација и посветеност на своето тело секако се приметни.

Актерката е позната по тоа што се грижи за исхраната и редовно вежба, а често знае да сподели некои интересни совети со своите следбеници на Инстаграм.

– Ќе ви откријам што ме одржуваше во форма, здрава и полна со енергија во последните десет години – диетата – рекла Хали и додала:

– Да, добро прочитавте – десетгодишна диета. Сепак, не грижете се. Не станува збор за класични диети кои вклучуваат гладување, туку за разновидна, урамнотежена исхрана која вклучува избегнување на нездрава храна. Нашиот внатрешен воин е добар само се додека добро го храниме, а она што го јадеме ја гради нашата основа.

Хали со години тренира со својот тренер Питер Ли Томас, а рутината вклучува само еден ден одмор.

Како што вели, кондицијата ја одржува практикувајќи вежби базирани на скокање. Актерката признава дека работи и на стомачните мускули и дека атлетски го затегнала стомакот по две породувања.

– Не е лесно, но секогаш се сеќавам зошто сакам да живеам здраво. Имам деца и сакам да бидам покрај нив што подолго. Сакам да живеам што е можно подолго и да чекам да ги видам моите внуци – рекла Бери и додаде дека најважно е да го слушаш своето тело.

ЖИВОТ СО ДИЈАБЕТИС

Лекарите и рекле на актерката дека дијагнозата на дијабетес тип 1 значи дека таа е зависна од инсулин.

– Во раните дваесетти, непосредно пред да ми биде дијагностициран дијабетес, бев зависник од шеќер. Денот го започнав со слатки снегулки и разни видови корнфлекс, по што се засладував со тврди бонбони. Постојано бев под влијание на шеќер – изјавила Хали Бери.

По дијагнозата, актерката целосно се промени за само неколку дена. Свртела нов лист и ги исфрлила слатките, десертите и овошјето од нејзината редовна исхрана.

Нејзината исхрана сега е богата со зелен зеленчук, ориз и здрави намирници. Таа се придржува и до автофагија, режим во кој храната се конзумира одреден период од денот, додека остатокот од денот не се јаде, практично се пости на вода.

– Луѓето често ме прашуваат дали е тешко да се откажам од одредена храна, но мојот одговор е не, никако. Вистина е дека е предизвик наеднаш да се промени начинот на исхрана, но по само три недели се навикнувате.

По тој период, желбите полека исчезнуваат и вашиот вкус целосно се менува. Со исфрлање на само неколку намирници од секојдневието, почувствував значително подобрување на здравјето, но и на изгледот – заклучила актерката.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement