Чарлиевиот ангел Жаклин Смит редовно пие пијалок од овошје и зеленчук за слабеење, а рецептот е лесен.
Серијата „Чарлиевите ангели“ беше една од првите што ја освои публиката ширум планетата. Меѓу популарните убавици беше и Жаклин Смит, која глумеше во повеќе од 100 епизоди, во сите шест сезони.
Згодната бринета застана рамо до рамо со Фара Фосет и Тања Робертс, а и денес на 76-годишна возраст изгледа фантастично и е исклучително витка. Инаку, многу рано покрај актерството почнала да се занимава и со креативна работа, што во тоа време не било вообичаено. Тоа го прави и денес и честопати ги покажува своите модели на Инстаграм и самата, како модел. Многумина велат дека изгледа помладо дури и од сопствениот син кој има 39 години.

Злите јазици тврдат дека на жените им е лесно да ја бојадисаат косата и да ги „испеглаат“ брчките со ботокс и филери, но Жаклин сè правела умерено. Нејзините зелени очи сè уште прободуваат, а колку се грижи за себе покажуваат нејзината исклучително витка линија, модерната фризура, убавата коса и секогаш негуваниот изглед.

Поранешната актерка објаснува дека редовно вежба и се занимава со јога, но и дека нејзините зелени пијалоци прават чуда. Таа го сподели и рецептот за еден, а состојките лесно се наогаат.
Состојки:
-Половина краставица
-Половина јаболко
-Четвртина од лимон
-Гранче целер
-Ѓумбир
-Грст зелен зеленчук (спанаќ или кељ)
Состојките се ставаат во блендер, па се прелива вода да се покрие смесата на половина и се блендира.
Зелените кашести сокови содржат многу влакна, одлични се за намалување на холестеролот и ја намалуваат надуеноста и запек.
