Доколку се обидувате да ги изгубите вишокот килограми, овој појадок ќе биде идеално решение за да го спречите гладот во текот на денот.
Иако долго време „кршеа копја“ за тоа дали треба да го прескокнат појадокот или да го јадат во првиот час по будењето, нутриционистите конечно „пресудија“ и ја повторија старата теза дека појадокот е најважниот оброк.
За луѓето кои сакаат да ослабат на здрав и природен начин, добро избраниот појадок е „половина од битката“ на патот до витката линија.
Нутриционистката Душанка Лачмановиќ за Ona.rs предлага појадок кој ќе ви обезбеди енергија, ќе спречи ненадеен скок на шеќерот во крвта и ќе помогне во топење на масните наслаги.
Состојки:
-6 супени лажици овесни снегулки
-150 мл.грчки јогурт
-1 банана
-500 гр. бобичасто овошје
-30 гр. бадеми
-1/2 лажичка цимет
Овесната каша сварете ја кратко, па истурете ја во сад. Додадете грчки јогурт, исечкана банана, бобинки, бадеми и цимет и уживајте во здрав и вкусен оброк.По овој појадок нема да се чувствувате гладни најмалку четири часа.
