Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ставете само едно нешто во вазна со цвеќе: Ќе останат свежи како првиот ден

Со помош на едноставен трик, можете да ги одржувате вашите цвеќиња во вазна свежи и бујни долго време.

Ако ставите метална паричка на дното од вазна со цвеќиња, таа ќе ослободи киселина што ќе го забави цветањето на цвеќињата. Покрај овој трик, важно е да знаете уште неколку работи за да ги одржувате вашите исечени цвеќиња во вазна свежи.

Чиста вазна

Вазната треба да биде чиста како солза. Внимателно измијте ја со топла вода и оставете ја да се исуши пред да додадете вода. Кога додавате вода, прилагодете ја количината на цвеќињата што ги имате.

Розите и јоргованот сакаат да пливаат во вода, додека лалињата претпочитаат помалку вода.

Исечете ги стеблата

Исто така е важно да ги исечете стеблата. Со остри ножици или нож, исечете ги стеблата под агол. Ова ќе им помогне подобро да ја апсорбираат водата. Не заборавајте да ги потсекувате на неколку дена.

Исечете ги и листовите на стеблата. Ова не само што го прави букетот поубав, туку и го спречува растот на бактерии.

Редовни промени на водата

Менувајте ја водата на секои два до три дена и темелно измијте ја вазната. Ако забележите лист во водата, веднаш сменете го.

Хранење

За да ги нахраните вашите цвеќиња, можете да направите свој домашен еликсир. Измешајте една лажичка шеќер, една лажичка белило и една лажичка сок од лимон.

Ова ќе го продолжи животниот век на вашите цвеќиња.

Прочитај

____celebrity

Двократната добитничка на Оскар, Кејт Бланшет, ќе ја игра Марта Стјуарт, најпознатата милијардерка и телевизиска личност во Америка. Како што ексклузивно објавува Variety, новиот...

Green Tea

Како да се истакне погледот и да се „отвори“ окото е често прашање за оние чии очни капаци се едвај видливи или воопшто не...

Green Tea

Ако почувствувате нешто необично во градите, немојте веднаш да претпоставувате дека е најлошо. Всушност, грутките ретко укажуваат на малиген тумор и обично се предизвикани...

Green Tea

Бебето во утробата навистина може да слуша звуци, но не на ист начин како што ние можемеМногу идни мајки во одреден момент од бременоста...

Advertisement