Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

СПРЕЧУВА РАЗВОЈ НА ВИРУСИ, ЛЕКУВА ВОСПАЛЕНИЕ И ЈА СМИРУВА НЕРВОЗАТА: Овој чај е природен антибиотик…

Жалфијата се смета за природен антибиотик, бидејќи се користи за лекување на бројни воспаленија и други здравствени проблеми.

Пред неколку векови, чајот од жалфија се користел за воспаленија на грлото, фаринксот, засипнатост, воспаление на внатрешните органи, туберкулозно потење, габични инфекции, како и за вагинални млазници.

И денес, бидејќи има антисептично дејство, се користи за гаргара при болки во грлото и афти. Ова лековито растение се смета за антибиотик со широк спектар, се користи и за регулација на потење, за топлотни бранови во климаксот, за менструални нарушувања, за зајакнување на нервите, за прочистување на црниот дроб, за ревматизам. Влијае и на процесите на варење и секреција на жолчката.

Жалфијата има антимикробно и спазмолитичко дејство (така што ги опушта мазните мускули), а исто така го намалува лачењето на пот и плунка. Со оглед на тоа што го спречува развојот на вируси, се користи и во мастите против херпес.

Се користи и за релаксација, за ублажување на напнатоста и нервозата, како и за несоница. Доилките кои сакаат да престанат со доењето користат жалфија за да го запрат млекото.

Жалфијата е ефикасна и за дезинфекција на рани и чиреви, како и за запирање на крварењето. Се користи и за инхалација при астма, бронхитис, но и при инфекции на респираторниот тракт, бидејќи делува и како антимикробно.

За внатрешна употреба една лажица чај од жалфија се прелива со шолја вода и се вари 3-5 минути, а за надворешна употреба (плакнење, дезинфекција) не се вари, туку чај од жалфија се прелива со зовриена вода, се покрива и се остава да отстои половина час, по што се филтрира и се плакне неколку пати на ден.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement