Мадона го прослави својот 64-ти роденден во Италија, а во продолжение ви откриваме каков режим на исхрана практикува поп-кралицата со години, со кој ја одржува врвната форма.
Мадона со години е голем поддржувач на здравата исхрана и вежбање. Поради хируршките интервенции што ги имаше на лицето, често е критикувана, но никој не е имун на нејзиното тело.
Поп-кралицата со години е на специјална диета, создадена за неа од нејзиниот личен тренер и нутриционист.
Исхраната на Мадона дава резултати, но не преку ноќ. Можно е да изгубите еден килограм за седум дена, но тоа е најздравата опција и ветува дека килограмите нема да се вратат. Позначајни резултати ќе забележите по еден месец.
Ова е најпрепорачливиот начин за слабеење, особено ако сакате да ја задржите вашата нова линија. Основното правило е, внесете масти, протеини и јаглехидрати во сооднос 30:30:40.

Јаглехидратите мора да бидат сложени, а тоа се зеленчук, овошје, цели зрна, а не лошите како бел леб, бел ориз, брза храна, шеќер и тестенини.
Мастите се задолжителни, бидејќи го намалуваат чувството на глад, го стимулираат мозокот и даваат чувство на задоволство. Заборавете на кофеинот, а за да одржите здрав сооднос (масти, протеини, јаглехидрати), јадете грст протеини и двојно повеќе јаглехидрати. Резервно користете преливи и масла за салата.
Пример од менито
Појадок: тост со две белки и едно јајце; јаболко, портокал или круша
Ручек: пилешки или мисиркини гради во сендвич со леб од цело зрно и малку мајонез.
Вечера: една порција протеини (риба, пилешки гради или нежно говедско месо), многу зеленчук, мала порција тестенини од цело зрно и половина мал печен компир.
Вежбајте
Кога станува збор за физичка активност треба да одвоите еден час три пати неделно. Идеален тренинг се состои од половина час кардио, 20 минути вежби за сила и обликување и 10 минути истегнување.
