Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Со помош на оваа диета Адријана Лима за рекордно време по породувањето прошета на модната писта …

Оваа диета е позната по тоа што за кратко време можете да изгубите голем број килограми.Оваа диета е хит меѓу познатите ширум светот и ја користат кога за кратко време треба да ослабат многу. По овој режим се предводела Адријана Лима, една од најпознатите светски манекенки.

Станува збор за кето диета, која се заснова на многу низок дневен внес на јаглени хидрати. Покрај тоа, неопходно е да се зголемат здравите масти во вашето тело.

Кога ова ќе го преведеме во бројки, тоа значи дека треба да консумираме 75 проценти масти, 20 проценти протеини и само пет проценти јаглени хидрати дневно од вкупната храна.

Кога бројот на јаглехидрати се намалува, вашето тело влегува во метаболичка состојба наречена кетоза. Само за да знаете како диетата го добила своето име. А кога сте во кетоза, тогаш вашето тело почнува да користи масти за да го добие потребното ниво на енергија и на тој начин ги елиминира мастите од вашето тело.

Според некои истражувања, оваа диета помага при дијабетес тип 2, некои видови на рак, епилепсија и Алцхајмерова болест. Постојат построги и помалку строги кето диети. Оние кои се одлучуваат за построгата варијанта, воопшто не земаат јаглени хидрати или значително помалку од пропишаните пет проценти, а меѓу нив била и убавата Адријана.

Својата исхрана ја засновала на шејкови, зеленчук и извори на протеини кои може да се готват само на пареа, а била и многу пребирлива кога станува збор за зеленчукот.

  • Дефинитивно нула јаглени хидрати, сигурно – Лима открила што е потребно ако сакате инстант резултати, меѓутоа, докажано е дека килограмите се губат, само малку побавно, дури и со помалку строг режим.

Што не смеете да јадете

Мора целосно да ги исфрлите од вашата исхрана сите производи од брашно, преработени месни производи, зеленчук со висока концентрација на шеќер и јаглехидрати, како што се пченка и компири, свежо и сушено овошје (ова не важи за бобинки), сите видови алкохолни пијалоци, како и житариците кои имаат шеќер.

Распоред на оброци

Сите намирници што ги јадете за време на оваа диета можете да ги јадете во секое време и во која било комбинација (се разбира, во комбинација со дозволената храна). Не е неопходно да се прават паузи од 18 часа помеѓу оброците, можете да јадете во секое време од денот. Сепак, не смеете да претерате.

Во некои случаи, оние кои се на диета може да искусат изразен мирис на ацетон од устата, што е несакан ефект на производството на кетони во вашето тело. Затоа е важно да пиете најмалку осум чаши вода секој ден.

Прочитај

Green Tea

Раната дијагноза на рак на панкреас е клучна за успешно лекување, но симптомите во раните фази често се неспецифични и лесно може да се...

Green Tea

Промената на исхраната игра клучна улога во регулирањето на триглицеридите и одржувањето на здравјето на срцето. Се препорачува консумирање здрави масти, како што се...

____celebrity

Холивудскиот актер Брус Вилис (69) повеќе не е свесен за својата болест и тешката дијагноза.Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, која е со него во...

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Advertisement