Содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата, го нормализираат метаболизмот и генерално го зајакнуваат организмот.
Овој секојдневен појадок ќе помогне да се елиминираат нечистотиите од телото и да се исчистат цревата.
Безусловно го решава проблемот со мрзливи црева и запек, ги согорува масните наслаги и ја нормализира тежината. По еден месец консумирање на овој пијалок, лесно ќе изгубите 3-5 килограми вишок тежина. Тенот на кожата, косата и ноктите стануваат здрави и убави, а стомакот полека ќе се „топи“.
За да го подготвите овој појадок ќе ви требаат:
300 мл кефир (или јогурт со малку маснотии)
2 лажици овесна каша
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка какао во прав
5-7 суви сливи
Појадокот се подготвува навечер за следниот ден. Истурете малку зовриена вода (100 ml) на сувите сливи. Покријте и оставете ги 5-10 минути. За тоа време, ставете овесна каша, мелено ленено семе и какао во сад. Прелијте со кефир и добро измешајте.
Натопените сливи ситно исецкајте ги (можете да ги миксирате во блендер или со рака) и додадете ги во другата подготвена смеса. Измешајте добро и оставете го вашиот утрински појадок во фрижидер.
Извадете го од фрижидер наутро и уживајте во вашиот здрав и вкусен појадок. Резултатите ќе бидат видливи наскоро.
