Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Сос од кралскиот двор: Елизабета Втора има свој кечап

Кралицата Елизабета Втора веќе неколку години има соптствена линија на храна и пијалоци создадени во кралскиот имот Сандрингам, Норфолк. Тука ќе наидете на различни домашни производи – џин, чај, мед, бисквити… Сето тоа може да се купи во нејзината продавница за подароци, каде неодамна на производното мени се новите сосови за бургер, кои се едно од омилените јадења на кралицата. Тоа се доматен кечап и кафеав сос, кој најдобро одат во комбинација со стек. Сосовите се прават на кралскиот имот, од зеленчукот што се одгледува таму. Кечапот се рекламира како „идеален за појадок или во секое време од денот“, неговиот вкус е збогатен со урми, сок од јаболко и разни зачини. Кафеавиот сос е „богат со оцет и зачини“, а цената и за едниот и другиот сос е „кралска“: девет долари за 295 милилитри.

Ова не е првиот „кралски излет“ во производство на храна и пијалоци. Во 2020 година, Бакингемската палата произведе џин, направен од состојки кои потекнуваат од кралската градина на имотот Сандрингем, како што е јапонското јаболко (каки). Џинот е, инаку, еден од омилените пијалоци на Елизабета.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement