Појавата на надуеност на стомакот е една од највообичаените стомачни тегоби со кои се среќава секој од нас во секојдневниот живот.Затоа е важно да се избегнува храната што ни предизвикува надуеност и мачнини,меѓутоа е потребно и придржување до балансирана исхрана, која ќе содржи доволно количества растителни влакна (овошје и зеленчук) со што ќе се забрза метаболизмот.Токму поради таа причина треба да го пробате овој едноставен рецепт кој ги ублажува тегобите:
Состојки:
– 100 гр спанаќ
– 30 гр свежо нане
– 100 гр ананас
– 1/2 јаболко
– 2 лажички мед
- парче свеж ѓумбир (излупен и мелен)
– 1/4 лажичка куркума
– 1/4 лимета
– 2 dl вода
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер.
Мешајте додека убаво не се соедини.
Добиениот напиток истурете го во чаша и консумирајте веднаш.
