Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Смути од банана е идеален начин да го започнете денот: Хранлив оброк во една чаша…

Брзо и лесно се прави, и секако, многу е вкусен!

Со оглед на тоа дека повеќето луѓе живеат напорен начин на живот, ретко кој има време да појадува во топлината на својот дом. Затоа многу луѓе се одлучуваат да јадат во пекари, иако знаат дека тоа не е најдобрата опција.

Доколку сакате да појадувате здравo имаме решение за вас.

Смути станаа наша секојдневна исхрана. Полни се со антиоксиданси, витамини и други хранливи материи, а во зависност од тоа кое овошје ќе ставите во смутито, зависи и од крајниот ефект што ќе го почувствува вашето тело.

Смути од банана е пијалок што го сакаат речиси сите. Бананата е една од состојките кои се наоѓаат во повеќето смути, а полна е со витамини и на напитокот ќе му даде кремаста структура.

Затоа за вас направивме брз рецепт за смути од банана во кој ќе уживате наутро на празен стомак, а најдобро од се ќе се чувствувате сити.

По ваша желба можете да додадете овошје и зеленчук.

Состојки:

-2 Банани

-1/2 Шоља млеко

-1 Лажица грчки јогурт

-1/2 Чаша овесни снегулки

-1 Лажица мед

Само треба да ги ставите сите состојки во блендер и да ги изблендирате.

Најдобро е напитокот да го подготвите претходната вечер и да го ставите во фрижидер

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement