Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Смути кое ги воодушеви и холивудските ѕвезди: пијалок за детоксикација кој се подготвува за миг

Чаша од 200 мл дневно треба да придонесе за детоксикација на организмот…

Иако целерот е познат како одличен додаток во исхраната, супи, салати и други деликатеси, светот е целосно полуден по „чудотворната течност“ што ја има овој зеленчук – смути од целер.

Смутито од стапчиња целер е вистински хит на кој не можеа да одолеат ниту холивудските ѕвезди, па се повеќе се наоѓа на менито на познатите убавици.

Чаша од 200 мл дневно треба да придонесе за детоксикација на организмот, а за оние кои не го сакаат неговиот вкус, растворот е во смути во кое се додава малку мед или едно јаболко.

Корисните состојки на целерот најдобро се чуваат во свежо цедениот сок од стеблото.

Потребно е:

– 4 стапчиња целер
– 2 супени лажици мед
– 1 зелена јаболка
– 2 чаши вода

Целерот исечкајте го и кратко бланширајте го. Додадете го изладениот целер во блендер, потоа медот, јаболкото и водата и измешајте сè во еднаква течност.

Доколку сакате, можете да ја процедите течноста и да ја пиете како сок, но најдобро е да ја консумирате со блендирано овошје и зеленчук како смути.

Остатокот чувајте го во фрижидер и консумирајте го наутро на празен стомак пред или наместо појадок.

Пријатно!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement