Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Смути за убава коса,кожа и нокти : Актерката го пие цели 10 години за појадок, на 47 години изгледа како девојка…

Познатата актерка Рис Витерспун откри рецепт за смути што го пие повеќе од една деценија и го подобрува изгледот на нејзината кожа, коса и нокти.

Рис Витерспун овој месец ќе го прослави својот 47 роденден, а многумина ја нарекуваат „вечно девојка“ поради нејзиниот младешки изглед кој и е како заштитен знак.

Таа откри еден од нејзините рецепти за негуван изглед, а тој нема врска со надворешна нега и скапи креми, туку со исхрана. Имено, Риз повеќе од 10 години секое утро пие здраво смути кое има позитивни ефекти на косата, кожата и ноктите.

“Ова е смути што го пијам секој ден. Има овошје и зеленчук, а го консумирам за појадок. Го пијам околу 10 или 11 часот и ме држи сита до 13 часот”, рекла актерката.

Состојки за две смути (една порција можете да ја ставите во фрижидер и да ја зачувате за следниот ден):

  • Една главица зелена салата
  • Половина шолја спанаќ
  • Половина шолја кокосова вода
  • Една банана
  • Едно јаболко
  • Една круша
  • Еден лимон

Подготовка:

Салатата и овошјето исечкајте ги (отстранете ја кората од лимонот). Додадете спанаќ и кокосова вода и сè заедно ставете во блендер. Откако ќе се измеша смутито, можете да додадете протеински прав, путер од бадем или ленено семе ако сакате.

Исто така, наместо горенаведеното, можете да користите некое друго овошје.

Покрај тоа што е преполн со хранливи материи, има и одличен вкус“, заклучила актерката.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement