Ролатите се колачи кои можат да нѐ вратат во најубавата возраст, барем за кратко време.
Потребно е:
2 јајца
150 гр брашно
250 јогурт
1/2 прашок за пециво
1 лажица шеќер
100 гр мл ореви
кора од лимон
Подготовка:
Изматете 2 јајца со шеќер, додадете брашно, јогурт и прашок за пециво, кора од лимон и изедначете сè и истурете во плех обложен со хартија за печење.
Печете на 200 степени Целзиусови околу 20-25 минути. Извадете го и завиткајте го во ролна.
Оладениот ролат отворете го, премачкајте го со џем, посипете го со мелени ореви и завиткајте.
Посипете го прав со шеќер.
Ладен, се сече на ролни. Уживајте!
