Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

СЛАВИ 49-ТИ РОДЕНДЕН, И ИЗГЛЕДА КАКО ДА ИМА 25: Хајди Клум откри со која диета слабее за рекордно време…

Познатата манекенка Хајди Клум со години практикува посебна диета која ја применува веднаш штом забележи дека качила некој килограм повеќе.

Хајди Клум денеска го слави својот 49-ти роденден, а многумина се согласуваат дека познатата манекенка изгледа многу помладо. Оваа убавица важи за една од најубавите и најпривлечните жени.

Како што и самата открила, никогаш немала проблем со килограмите, а сето тоа благодарение на дисциплината, здравата исхрана и редовната физичка активност. Но и се случува одвреме-навреме да се опушти и да ужива во слатки и да дозволи да качи некој килограм.

Во овие ситуации, проблемот секогаш се решава со мастер исхрана базирана на лимон за чистење, која топи килограми за рекордно време.

Диетата може да трае најмалку пет дена, а најмногу 14. За време на диетата можете да пиете само лимонада, направена од лимон, јаворов сируп, вода и кајен пипер. Јаворовиот сируп се зема за време на диетата бидејќи на организмот му ги дава сите потребни хранливи материи и енергија. Можете да го замените со мед.

Лимонот е идеална храна за детоксикација – помага да се исфрлат токсините од телото, го зајакнува имунолошкиот систем и делува како антиоксиданс.

Пред спроведување на диетата, телото треба да се подготви така што неколку дена ќе се јаде само лесна храна без масти и производи од животинско потекло. Ова ќе му олесни на телото да се справи со недостатокот на нормална храна.

За време на диетата пијте го само овој напиток од лимон, јаворов сируп и кајен пипер. Може да се пијат и билни чаеви засладени со јаворов сируп или мед.

Најдобро време за диета со лимон за детоксикација е летото, кога и онака се консумира полесна храна.

Подготовка на пијалокот
За една чаша лимонада ви треба:

2 супени лажици сок од лимон
2 лажици јаворов сируп
на врвот на нож од кајен пипер
250 милилитри вода

Измешајте ги сите состојки и испијте веднаш. Можете да користите ладна или топла вода. Секогаш користете свеж лимон, а не купен концентрат.

Пијте 6-10 чаши лимонада дневно. Напитокот се пие кога сте гладни, како оброк.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement