Ким Кардашијан дефинитивно е во форма на животот. Факт е дека никогаш не изгледала вака добро, а бидејќи пред Мет Гала ослабела за да се вклопи во фустанот на Мерлин Монро, многумина и велат дека на нејзината линија би и позавиделе дури и модели.
Ким, која претходно не беше љубител на вежбањето, сега целосно го променила својот животен стил, и многу внимава што става во своето тело. Затоа и не чуди што преку ноќ стана вирален нејзиниот рецепт за чиа пудинг, кој и е омилена закуска, а рецептот кој беше објавен на профилот Healthfood за многу кратко време собра речиси милион лајкови.
@healthfood Now my berries last over two weeks 🤯😍 #tiktoktaughtme #tiktokpartner #viral #fyp ♬ Lazy Sunday – Official Sound Studio
Но, зошто толку многу луѓе се ентузијасти за чиа пудинг?
Пред сè, содржи здрави масти, односно омега-3 масни киселини, кои се корисни за здравјето на зглобовите и срцето. Содржат калиум, железо и калциум, што ги прави фантастични за исфрлање на вишокот вода од телото.
Чиа семките содржат протеини и растителни влакна, а само 30 грама содржат само 101 калорија, поради што се намирници број еден во многу диети. Со оглед на тоа дека го подобруваат варењето и го забрзуваат метаболизмот, чиа семето се смета за „убиец“ на наслагите, но секако за видливи резултати мора да смените некои лоши животни навики.
Рецепт за чиа пудинг на Ким Кардашијан
Потребно е:
2 лажици чиа семе
половина шолја бадемово млеко
половина лажичка мед
овошје по ваш избор (јагоди, боровинки, банани или малини би биле идеални)
Подготовка:
Истурете ги семките од чиа во сад и прелијте ги со бадемово млеко, додадете мед и измешајте, па оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Додадете овошје наутро и воила, имате вкусен и хранлив оброк кој ќе ве држи сити со часови и ќе ви помогне да ја добиете линијата што сега ја има Ким Кардашијан.
