Вкусни оброци во кои можете да уживате веднаш.
Еден од нутриционистичките „дијаманти“ на модерното време е дефинитивно авокадото. Ова е супер храна со висока хранлива вредност и многу придобивки за нашето здравје. Има позитивни ефекти врз многу области на нашето здравје и тело, од дишење до крвен притисок.
Авокадото е богато со калиум, електролит кој ги регулира телесните течности. Исто така е добар извор на витамини Ц и Е. Витаминот Ц помага во производството на колаген и еластин, давајќи еластична и цврста кожа, додека витаминот Е ги намалува штетите предизвикани од прекумерното изложување на сонце и се бори против стареењето. Калиумот помага да се задржи течноста во организмот, како што споменавме порано, овозможувајќи им на бубрезите поефикасно функционирање. Го регулира крвниот притисок и спречува остеопороза, но има многу позитивни ефекти врз видот и дејството против ракот.
Сметаме дека сите горенаведени се неопходни во нашата секојдневна исхрана.
Постојат многу начини и рецепти да го вклучите во вашата исхрана. Одлучивме да ви ја претставиме најбрзата и истовремено највкусната верзија – сендвичи, кои можете да ги откриете во галеријата со фотографии.
Едноставен сендвич со авокадо
Потребно ви е:
• 4 парчиња интегрален леб
• 2 лажици крем сирење
• ½ лажички оригано
• домати, исечени на тенки парчиња
• 1 авокадо, исечено на тенки вертикални парчиња
• 4 лисја од зелена салата
• Маслиново масло
• Сол
• Бибер
Нанесувате крем сирење на интегралните лебчиња. Одозгора ги ставате исецканите домати и секако зачинувате малку со оригано. Додадете го авокадото, зачинете со сол и бибер и истурете малку масло. Додадете две лисја зелена салата и уште едно парче леб одозгора. Повторете ја истата постапка со преостанатиот леб.
Сендвич со омлет, авокадо и мисиркино месо
За омлет:
• 2 јајца
• 2 лажици млеко
• ¼ лажички сол
• бибер, свежо мелен
• малку путер, за тавата
За сендвичот:
• 2 лажици крем сирење
• 1 лажица маслиново масло
• прстофат сол
• неколку сецкани лисја магдонос
• 1 зрело авокадо, исечено на тенки парчиња
• сок од лимон
• 2 парчиња леб или кифли
• 2 лисја од зелена салата
• 2 парчиња мисиркино месо
Подготовка:
За омлет:
Во сад, изматете ги јајцата со млеко и зачинете со сол и црн пипер. Ставете го путерот во тавата. Истурете ја смесата со јајцето и испржете го омлетот 3 минути, додека не почне да поруменува. Оставете го омлетот настрана.
За сендвичот:
Ставете крем сирење, маслиново масло, малку сол и магдонос во сад. Во друг сад, ставете парчиња авокадо, лимон, малку сол и оставете го авокадото да маринира 5 минути. Извадете го од маринадата и избришете го со крпа. Тостирајте ги кифлите или лебот на тостер за 1 минута. После тостирањето, намачкајте ја смесата со крем сирењето од двете страни. Додадете зелена салата, омлет, мисиркино месо и авокадо.
Пикантен сендвич со јајце и авокадо
Потребно ви е:
• 2 јајца
• 1 зрело авокадо
• сок од 1 лимета или 1/2 лимон
• сол
• 2 големи парчиња ‘ржан леб (или 4 мали)
• 2 лажици чили сос
• Неколку лисја рукола
Подготовка:
Гответе ги јајцата 6 до 8 минути и штом ќе се оладат излупете ги и исечете ги на тенки парчиња. Исцедете ја пулпата од авокадо со вилушка, додадете сок од лимета или лимон и добро измешајте. Нанесете ја мешавината од авокадо врз лебот, а одозгора распоредете ги парчињата јајца. Намачкајте со сос од чили, додадете рукола и послужете.



