Откако наполни 50 години, актерката постепено почна да прави промени во своето мени, а резултатите се неверојатни!
Британската актерка Елизабет Харли пред неколку дена го прослави својот 57 роденден, ако ги споредите нејзините нови фотографии со старите – тешко дека ќе забележите некоја разлика.
Покрај тоа што изгледа речиси идентично како деведесетите, кога публиката ширум светот ја заљуби, Харли се повеќе го привлекува вниманието и со својата многу витка фигура, што е невозможно да не се забележи бидејќи речиси секој ден позира во бикини. Станува збор за костими за капење кои актерката сама ги дизајнира, а често се бори со негативните реакции, избирајќи гордо да ја покаже својата фигура.
Како што еднаш истакнала Елизабет, таа позира во бикини само за да ги рекламира и верува дека е „веќе престара за да парадира во бикини на јавна плажа“. Покрај тоа, таа изјавила дека „искрено се надева дека нема да успее кога ќе влезе во седмата деценија“, а во секој случај, повеќето ќе се согласат дека нема причина за тоа – актерката изгледа спектакуларно и нема зошто да се крие!
Која е тајната на нејзиниот совршен изглед?
Како што еднаш истакнала, Елизабет внимава што јаде, но нејзината исхрана не е нешто што се случило преку ноќ. По 50-тиот роденден, таа постепено почнала да прави промени во своето мени, а објаснува дека благодарение на нејзините мали и ефикасни правила никогаш не е гладна.
– Половина од секој мој оброк мора да се состои од овошје или зеленчук – изјавила актерката во едно интервју.
- На пример, ако имам сендвич за појадок, дефинитивно ќе изедам јаболко – објаснила таа. – Не јадам слатки, ретко пијам алкохолни пијалоци, па и тогаш во помали количини, а одамна не јадам преработени производи.
Елизабет открила и дека прво пие две чаши топла вода секое утро на празен стомак, која ја смета за вистински мелем за дигестивниот тракт. Потоа следи појадок, кој обично се состои од грчки јогурт со банана, а понекогаш и малку мед. Иако експертите велат дека бананите не треба да се јадат за првиот оброк во текот на денот, тоа е моќна комбинација на протеини и јаглехидрати, додека јогуртот е богат и со пробиотици.



Благодарение на бананите, Лиз ја добила потребната енергија, а нејзиниот појадок содржи и значителни количини на витамин Ц и калиум. Поради медот има и антиоксиданси, а се заедно е хранлив, здрав и вкусен оброк.
Кога станува збор за ручекот, задолжителнo е малку супа, додека актерката за вечера најчесто јаде месо и зеленчук. Затоа и многу и значи тоа што на свој имот одгледува органски зеленчук.
Сепак, тaa признава дека не може да одолее на путерот од кикирики, на кој често му приоѓа со лажица во рака.
- Ако го направам тоа, по првата лажица веднаш следи втората – вели Елизабет и признава дека наместо тоа, понекогаш само зграпчува со прстот мала количина и го лиже путерот за да се заслади.
