Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Само 6 состојки! Најлесен рецепт за домашна гранола што секој може да ја направи

Гранола е назив за тостирани и засладени овесни снегулки измешани со јаткасти плодови, семиња и суво овошје што се служат со млеко или со јогурт за појадок или десерт…

Гранола е многу вкусно јадење полно со хранливи материи што прво го измислил американскиот лекар Џејмс Калеб Џексон во средината на 19 век.

Денес на пазарот може да се најдат различни видови на гранола, но овој производ е многу лесен за подготовка во вашиот дом. Одлично решение е кога сакате да се ослободите од одредена храна што е при крај на рокот на траење.

Ви претставуваме лесен рецепт за подготовка на домашна гранола која лесно може да се прилагоди на вашите желби и вкусови.

Состојки за гранола:

360 грама овесни снегулки (тврди)

140 грама бадеми

120 грама кокосово масло

120 грама мед

100 грама ореви

100 грама суво грозје

Подготовка:

1. Во сад измешајте ги овесните снегулки со сецканите бадеми и ореви.

2.  Растопете го кокосовото масло и промешајте убаво заедно со медот.

3. Истурете го засладеното кокосово масло во сад со овесните снегулки и добро измешајте ги сите заедно.

4. Пренесете ја смесата во плиток плех за печење и премачкајте ја во еден тенок слој.

5. Ставете ја гранолата во загреана рерна на 160 степени Целзиусови околу 15 минути. Промешајте неколку секунди и вратете ја во рерна уште 10 до 15 минути додека не сè тостира (подготви) по ваш вкус.

6. Извадете ја гранолата, со цел да се излади, а потоа измешајте ја со суво грозје.

7. На мали парчиња гранолата ја чувате во стаклена тегла и на суво место. Послужете со млеко или јогурт и свежо овошје по желба. Добар апетит!

Совет плус:

Ова е рецепт што може да се прилагоди на индивидуалните желби и потреби. Не сакате ореви? Наместо тоа, ставете лешници, индиски ореви или дури и кикирики. Бројни семиња како тиква или сончоглед се исто така достапни. Дали сте веган? Наместо мед, користете јаворов сируп, сируп од агава или слични засладувачи од растително потекло.

Не сакате суво грозје? Во гранолата додадете суви кајсии, сливи или дури и гоџи бобинки. Немате кокосово масло во куќата? Можете дури и да користите маслиново масло или путер од ореви. Ова е основен рецепт со кој можете да експериментирате колку што сакате.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement