Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Само 3 состојки! Најлесен рецепт за префинет кремаст чоколаден мус

Колачињата од бел слез (Marshmallow) одлично се комбинираат со десерти на чоколадна база. Американците традиционално ги комбинираат со чоколадни и грахам крекери и традиционално се служат покрај логорски оган на кампување.

Поради нивната пенеста текстура, колачињата од бел слез можат да бидат и одличен додаток на чоколадниот мус. Ви пренесуваме рецепт од само три состојки кои можат да го направат оние кои не се вешти во подготовка на традиционални десерти.

Состојки за 4 порции:
500 мл шлаг
225 g темно чоколадо (најмалку 70 проценти какао или повеќе)
200 гр колачиња од бел слез

Подготовка:

1. Во поголем сад измешајте ги колачињата од бел слез чоколадото и 250 мл шлаг.

2. Растопете ја смесата во микробранова печка околу две минути. Ако колачите од бел слез не се стопат по две минути, вратете го садот во микробранова печка со интервали од 15 секунди додека целосно не се растопат.

3. Оставете ја смесата целосно да се излади на собна температура.

4. Преостанатиот крем го истурате во шлагот, па рачно со помош на лажица го мешате во изладениот мус.

5. Смесата се дели на четири еднакви делови.

6. Стаклените чаши за мус ги оставате во фрижидер најмалку два часа или преку ноќ.

7. Послужете со повеќе колачиња од бел слез, рендано чоколадо и шлаг. Добар апетит!

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement