Таа доставила екстрактот од стеблото во американска лабораторија, а експертите биле воодушевени. Актерката вели дека не и треба ботокс.
Холивудската актерка Салма Хајек (56) еднаш откри дека за нејзиниот младешки изглед е заслужна „тајна состојка“.
„Јас користам екстракт од кора од стеблото на мимоза тенуифлора, кој се користи во Мексико за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата“, рече таа.

Мексиканско-американската актерка го донела екстрактот во американска лабораторија, бидејќи, како што вели, никој во САД не го користи. Истражувачите беа изненадени од позитивните резултати.
„Се чудеа како е можно никој да не го користи. Поради ова немам потреба од ботокс или филери“, заклучила Салма.
Познатата актерка која отсекогаш ги оставала луѓето без здив со своето појавување на црвениот тепих нема проблем да биде видена во јавност без шминка.
Иако Хајек го опишува ова растение како растение кое „расте насекаде околу нас“, мислејќи на Јужна Америка, од која и самата потекнува,растението за жал не расте во Европа. Нејзиниот изглед наликува на папрат, а има и халуциногени својства.
