Одлична идеја за „брз“ оброк. Здраво, хранливо, вкусно, има ли нешто поубаво?!
Состојки:
- 150 гр интегрален ориз
- 2 лименки туна
- 3 мали домати исечени на четвртини или чери домати
- 1 глава црвен кромид
- 100 маслинки
- сок од еден лимон
- сол, бибер
- листови магдонос, ситно сецкани
- слатка пченка
Подготовка:
Прво сварете го оризот, исцедете го и оставете да се излади. Во исцедениот и изладен ориз, додадете ги ситно исечкан листови од магдонос, парчиња туна (исцедена од масло), домат исечен на четвртини, исечен црвен кромид и слатка пченка. Додадете сол и бибер, закиселете со сок од лимон и прелијте со масло од туна (додадете повеќе маслиново масло доколку е потребно). Ставете во фрижидер да се излади, а потоа послужете.
