Француската кујна е позната по многу деликатеси, а еден од нив е познатиот киш – Киш Лорен (Quiche Lorraine), кој се прави во солени и слатки варијанти, во безброј верзии. Основата се состои од специјално направено крцкаво тесто кое се филува со саканиот фил, солено или слатко.
Ви предлагаме да го прославите овој ден со прекрасен деликатес од јагоди. Оваа торта со својата крцкава текстура и богат кремаст вкус е создадена за да ги комплетира радосните моменти поминати со семејството или пријателите.
Состојки:
1 чаша брашно
150 гр путер
2 лажици шеќер
1 јајце
1 лажица кисела павлака
400 гр јагоди
50 гр бело чоколадо
300 гр кисела павлака
Полнење:
4 лажици брашно
4 лажици шеќер
3 јајца
1 лажица шеќер во прав
една лажичка цимет
Подготовка:
Прво направете го тестото така што ќе го изматите омекнатиот путер со шеќерот, јајцето и една лажица павлака, па додадете го брашното. Замесете меко тесто и оставете го во фрижидер најмалку еден час. Потоа со сукало развлечете го тестото и ставете го на подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Посипете го со вилушка и оставете го во фрижидер 15 минути. Се пече на 200 степени додека не добие златно-жолта боја. Изладете го тестото. На пареа растопете ја белата чоколада и потоа премачкајте го печеното тесто.
Подгответе го филот така што ќе ги изматете брашното, павлаката и жолчките, а потоа сè заедно згответе додека не се згусне со постојано мешање. Изладете го кремот и додадете ги изматените белки.
Јагодите исечете ги на половина, ставете ги преку тестото, па прелијте ги со смесата од павлака. Посипете со шеќер во прав и цимет, а потоа печете го колачот уште пет минути на 180 степени.
