Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт на денот: Вкусен колач од моркови

Сигурно се прашувате од каде сега моркови во колач, кога исклучиво се користат во солени јадења. Иако храната не е припитомена во нашата слатка традиција, во многу земји се користи за правење разни слатки. Ние ви претставуваме рецепт за традиционален швајцарски колач, што нема да ве остави рамнодушен и ќе посакате повторно да го направите. Можете да додадете сечкани ореви (во оригиналниот рецепт нема), доколку сакате да го збогатите и прелијте со глазура. Доколку сакате да изгледа подекоративно, печете ја тортата во ребрести плех за комисброт или куглоф.

Состојки:

За тестото:
4 јајца
300 мл растително масло
400 г шеќер
2 лажички екстракт од ванила
250 г брашно
2 лажички сода бикарбона
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
2 лажички мелен цимет
350 г рендан морков
130 г сечкани (или мелени) ореви

За преливот:
130 г путер, омекнат
200 г крем-сирење, омекнато
450 г шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
130 г сечкани ореви

Приготвување:

За тестото: загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете го и набрашнете го калапот за печење торта.

Во голем сад изматете ги јајцата, маслото, шеќерот и 2 лажички ванила. Додајте ги брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво, солта и циметот и повторно матете. Додајте ги ренданите моркови и оревите и измешајте со лажица. Истурете ја смесата во подготвениот калап.

Печете 40-50 минути, или додека чепкалката боцната во средината на тортата да излезе чиста. Оставете го колачот целосно да се олади.

За преливот: измешајте ги путерот, крем-сирењето, шеќерот во прав и 1 лажичка ванила. Матете додека смесата да стане мазна и кремаста. Додајте ги сечканите ореви.

Кога колачот целосно ќе се олади, премачкајте го со преливот. Послужете.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement