Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт за сочна потпечена карбонара што исчезнува од чинијата за еден момент

Вкусните шпагети карбонара е секогаш добар избор за ручек, и дали некогаш сте пробале верзија карбонара која е исечена на парчиња?

Ќе ви требаат околу 25 минути да ја подготвите печената карбонара во рерна, самото готвење трае околу 40 минути и ќе добиете најсочно јадење што го обожаваат и деца и возрасни. Се подготвува брзо и лесно, а рецептот можете да го најдете подолу.

Состојки (за четири лица):

  • 150 грама шпагети
  • 1 лажица екстра цедено маслиново масло
  • 200 грама сланина исечена на парчиња
  • 2 тиквички рендани на поголеми парчиња
  • 45 грама замрзнат грашок
  • 2 мелени чешниња лук
  • 5 јајца
  • 65 грама ситно рендан пармезан
  • 250 грама мазна рикота
  • 30 грама ситно сецкан магдонос, плус малку за сервирање
  • 30 грама ситно сецкан свеж босилек
  • 80 грама салата

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180-200 степени. Подмачкајте убаво со масло тава со димензии 20х30 сантиметри. Обложете го дното и страните со хартија за печење.

2. Гответе ги тестенините според упатствата на пакувањето додека не станат убаво меки. Исцедете и разладете под ладна вода. Ставете ги тестенините во сад.

3. Загрејте го маслото во мала тава за пржење на среден оган. Пржете ја сланината додека мешате три до четири минути, или додека не добие златна боја и стане крцкава. Додадете тиквички, грашок и лук. Печете една минута, па додајте ги во тестенините.

4. Заматете јајца, сирење, магдонос и босилек, додадете ги тестенините и добро измешајте. Истурете ја карбонарата во подготвената рерна. Печете 25 до 30 минути или додека карбонарата не добие златна боја и стане компактна. Извадете ги потпечените тестенини од рерната и оставете да отстои десетина минути. За вкус и декорација посипете магдонос. Послужете топло или ладно со салата.

Добар апетит!

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement