Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт за песто сос од магдонос – совршен за тестенини и како намаз!

Мојот омилен песто сос се прави од босилек, но сега ви прикажуваме варијанта за песто од магдонос која можете да ја користите како додаток во јадењата, но и како намаз. Овој брз и вкусен рецепт ќе ви стане омилен, а одлично оди со печен леб, месо, печени компири, ориз и тестенини. Како што напоменав, прикажуваме погуста варијанта на песто од магдонос, но ако сакате овој сос да биде малку поредок, додадете маслиново масло.

Магдоносот има бројни здравствени придобивки, но е ужасно вреден зачин во секоја кујна од различни култури. Силната арома на магдонос ќе му даде на јадењето посебен вкус, а во супите можете да додадете дури и половина лажичка од овој песто сос.

Состојки:

60 гр магдонос
100 гр ореви
2 чешниња лук
80 мл маслиново масло
1 прстофат сол
Бибер
Пармезан (количина по вкус)

Подготовка:

Исчистете и добро измијте го магдоносот. Ова светлозелено растение го сецкате на ситни парчиња. Магдоносот го ставате во блендер, а потоа додадете ги оревите, кромидот и маслиновото масло. Изматете сè додека не добиете единствена смеса. Во смесата додадете сол, бибер и пармезан. Промешајте и додадете масло или пармезан, во зависност од вкусот и саканата густина.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement