Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт за најмеки новогодишни џинџербред колачи: Вака се прави кралската шеќерна глазура!

Ќе уживате и во процесот на подготовка и во совршениот вкус.

Кој не сака празнична магија и слатки, крцкави вкусови кои се топат во устата? Подолу е рецепт кој ќе донесе насмевка на целото семејство!

Состојки: 165 гр мед, 60 гр шеќер во прав, 250 гр маргарин или путер, 1 јајце, 1 прашок за пециво, околу 550 гр брашно, по желба малку цимет.

Кралска глазура: 1 белка и 230-250 гр шеќер.

Подготовка: Во медот додадете шеќер и промешајте да се раствори шеќерот, потоа додадете омекнат маргарин и повторно измешајте, не мора целосно да се соедини, само да нема големи грутки, потоа додадете јајце и повторно измешајте, па половина мерка брашно, цимет и повторно измешајте, па прашокот за печиво и речиси целата количина брашно од 550 гр.

Сега ќе биде потешко, нема да биде за матење, но сепак е меко, лепливо, па додадете малку брашно и замесете.

Кога ќе се замеси, треба да биде меко и речиси лепливо, најдобро е да завршите со мешањето на масата. Завиткајте во фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час.

Работната површина посипете ја со брашно и расукајте со сукало, а потоа со калапчињата извадете ги колачите. Печете на 180 степени додека рабовите не почнат да поцрвенуваат, треба да останат светли. Печете околу 8 до 10 минути, во зависност од рерната.

Што се однесува до подготовката на кралската глазура, белките се матат со вилушка и се додаваат 200 гр шеќер. Треба да биде погуста од јогуртот и потоа да ја додадете бојата што ја сакате. Доколку сакате повеќе бои, поделете ја смесата во неколку чинии и додадете ги боите и изматете. Доколку боите се течни, кога ќе изматите додадете во смесата една лажица шеќер во прав. Истурете во хартиена фолија, а потоа исечете ги врвовите околу 2 мм. Понатаму е сè ваша имагинација!

Совет: Кога сакате да го обоите целите џинџербред колачи, најпрво направете ги рабовите, полека и внимателно, а потоа размачкајте ја смесата со чепкалка за заби или нешто слично.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement