Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт за колачот со кој Мишел Обама го освои сопругот Барак

Поранешната прва дама на САД, 56-годишната Мишел Обама, е добро позната љубителка на готвењето и здравата исхрана, па затоа еднаш ја објави книгата „American Grown: The Story of the White House Kitchen and Gardens Across America“, која промовира градинарство на 271 страници, како и здрава храна. Меѓу многуте совети, имаше и такви за подготовка на некои од омилените јадења на семејството Обама, вклучително и пита со јаболка за која Мишел тврди дека нејзиниот сопруг едноставно ја обожава.

Состојки:

  • Полнење:
    8 јаболка Грени Смит, излупени и исечени
    1 1/2 до 2 чаши кафеав шеќер
    1 1/2 лажички цимет
    1 лажичка мелено мускантно оревче
    1/2 лажиче сол
    1/4 чаша бело брашно
  • Кора:
    3 листови готова кора за пита
    1 стап путер
Michelle Obama

Подготовка:

Измешајте ги овие состојки за полнење во сад и оставете да стојат преку ноќ во фрижидер за да дозволите зачинот да помине низ јаболката.
Загрејте ја рерната на 160 степени. Премачкајте го дното на голем сад за печење со путер и брашно. На дното од садот наредете една и пол кори за пита и прободете ја со вилушка. Ставете го филот и ставете малку путер на неколку места. Покријте сè со останатата кора додека не ја покриете целата смеса. На крај, притиснете ги рабовите на кората, така што филот е целосно покриен од сите страни. Премачкајте со стопен путер. Намалете ја температурата на рерната на 150 степени и печете околу три часа. Поради бавното печење, кората на крајот омекнува и ова е она што најмногу му се допаѓа на Барак во оваа пита. Добар апетит!

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement