Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт за безалкохолен коктел кој опушта и поттикнува мирен сон…

Дали знаевте дека во денешниот зафатен свет, дури секој трет човек страда од несоница? Стресот, премногу задачи кои си ги задаваме секој ден и хроничното чувство дека не сме постигнале се, се само дел од причините поради кои луѓето не можат да се опуштат.

Тик-Ток е бескрајно царство на идеи, трикови и совети за секој аспект од животот, вклучително и лесен и успешен сон.

Инфлуенсерката Кејли Шеј секојдневно споделува корисни совети на оваа социјална мрежа, а меѓу нив е и рецептот за вкусен коктел кој ни помага да заспиеме брзо и цврсто, а наутро да се разбудиме освежени и одморени.

Безалкохолниот коктел Sleepy Girl воодушеви илјадници луѓе на Tik-Tok бидејќи комбинира одлични вкусови и внимателно одбрани состојки кои ќе ве воведат во состојба на блажена релаксација.

Станува збор за добро познати состојки кои содржат смирувачки својства, а подолу можете да најдете рецепт кој сигурно ќе го зачувате.

Коктел Sleepy Girl – состојки:
1 кесичка чај од камилица
Природен сок од цреша
1 лажичка сируп од лаванда
1 лажица свеж сок од лимон
100 ml минерална вода
Неколку коцки мраз
Свежо нане
Кора од лимон
Коктел Sleepy Girl – подготовка:
Ќесичка камилица потопете ја во 200 мл врела вода и почекајте неколку минути.
Измешајте чај, сируп од лаванда, сок од лимон и сок од цреша.
Наполнете ја чашата за коктел со мраз и прелијте ја со минерална вода. Додадете нане и кора од еден лимон и убаво измешајте.
На крајот во истата чаша додадете ја измешаната течност со камилица и соковите и сето убаво измешајте.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement