Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецептот за познатата салата која Џенифер Анистон наводно ја јадела секој ден

  • Рецептот за салатата позната како „салатата која Џенифер Анистон ја јадеше секој ден 10 години на снимањето на Пријатели“ повторно кружи на интернет.
  • Блогерката за храна Рејчел Менсфилд даде свој пресврт на познатата салата, која ни се чини дека е совршена идеја за ручек за топлите летни денови во канцеларија.
  • Дали Џенифер навистина некогаш ја јадела оваа салата?

Има нешто особено задоволувачко во наоѓањето на совршениот ручек за работна недела. Сакате нешто толку вкусно и посебно што ќе можете да јадете ист ручек пет дена без престан и да го очекувате секој пат. Исто така, мора да биде спакуван и лесен за подготовка за да не мора да чекате еден час пред рерната среде лето. Џенифер Анистон со години е заслужна за решението на работниот ручек што ги исполнува овие строги критериуми. За време на 10 години работа на серијата „Пријатели“, актерката наводно јадела една иста салата. И додека првпат слушнавме за тоа во 2010 година, салатата на Џенифер повторно кружи на социјалните мрежи. Познатата блогерка за храна Рејчел Менсфилд, која е специјализирана за создавање рецепти направени со едноставни, вистински состојки кои се погодни за секого, и самата е воодушевена од оваа едноставна салата.”Оваа салата ги надмина сите мои очекувања. Испадна толку добро, па дури и на моето 15-месечно дете му се допадна. Веќе некое време го правиме ова секоја недела и заслужува свој блог пост”, напиша таа на нејзиниот блог rachLmansfield. Самата Рејчел додаде неколку пресврти во салатата на Џенифер, а еве го нејзиниот рецепт за овој здрав и вкусен оброк кој, сигурни сме, ќе ве воодушеви и вас.

  • Состојки:
  • 1 шолја киноа (традиционален рецепт има булгур)
  • 1/2 шолја сечкан црвен кромид
  • 1/2 шолја сечкан магдонос
  • 1/3 шолја сечкано нане
  • 1/2 шолја исплакнат наут
  • 1/3 шолја излупени ф’стаци
  • 1/2 шолја сечкана краставица
  • 1 / 2 чаши распарчено фета сирење,
  • маслиново масло, лимон, морска сол и бибер по вкус

Подготовка: 1. Сварете ја киноата според упатството и оставете ја настрана да се излади

2. Откако киноата ќе се олади, додадете ги сите состојки во поголем сад и добро измешајте

3. Посипете со маслиново масло, лимон и сол и бибер

Уживајте! Забавен факт: Во едно неодамнешно интервју за Elle, Џенифер откри дека салатата која стана вирална и стана позната како салата Џенифер Анистон всушност не била салатата што ја јадела. “Изгледа навистина вкусно, но не е таа салата. Никогаш не би ставила толку наут” – рекла Џенифер и уништила долгогодишен мит. Сепак, се чини дека во овој случај важи изреката „Изречена лага доволно пати станува вистина“, бидејќи на TikTok не му е премногу грижа дали Џенифер навистина ја јадела или не, таа ќе остане снимена на интернет како „Jennifer Aniston’s салата“.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement