Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ПРОТИВ СТРЕС, ИНФЕКЦИИ, БОЛКА … Веројатно го имате овој чај во кујната, и не знаете колку е моќен!

Чај против болка, чај што ја лекува и закрепнува кожата и штити од болести? Сè во една топла чаша, тоа е ако пиете чај од невен!

И покрај малку горчливиот вкус, невенот се користи како народен лек со векови и има неколку корисни ефекти врз организмот.

Заштитува од стрес

Невен го зајакнува имунитетот и ги штити клетките бидејќи е полн со антиоксиданти, кои спречуваат оксидативниот стрес да ги оштети нашите клетки.

Содржи флавоноиди, полифеноли и каротеноиди, го намалува воспалението и особено хроничното воспаление, како што се оние што се јавуваат при дебелина, метаболички синдром и дијабетес тип 2.

Ја обновува кожата

Невенот содржи супстанции кои и помагаат на кожата да се опорави ако имате рани или чиреви, а исто така го зголемува производството на колаген.

Заштитува од инфекција

Екстрактот од невен се користи против дури 23 видови на габични инфекции.

Обновува непцата

Ако имате гингивит, исплакнете ја устата со чај од невен. Тоа ќе ја опорави мукозната мембрана и ќе го намали бројот на микроби во усната шуплина.

Помага при тешки болести

Постојат студии кои укажуваат на тоа дека состојките од невен делуваат кај пациенти со тумори на панкреас, кожа, дебело црево и леукемија. Сепак, експертите предупредуваат дека овие резултати се прелиминарни и дека треба да се спроведат уште пообемни студии на пациенти.

Ја ублажува болката

Исто така, постојат студии кои наведуваат дека невенот ги намалува грчевите за време на болна менструација, болката во брадавиците за време на доењето и го подобрува здравјето на срцето.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement