Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Протеинското смути со вкус на чоколадо е суперхрана за добар почеток на денот…

Овој протеински смути е преполн со суперхрана како кељ, карфиол, лен и боровинки. Кој знае, можеби ќе стане вашиот омилен појадок! Во текот на изминатите неколку години, протеините беа издигнати на пиедесталот на здравата исхрана (додека лошите јаглехидрати, кои исто така му се потребни на телото, завршија на столбот на срамот како нешто што доведува до прекумерна тежина. Неправедно, се разбира). Но, тоа не треба да ги намали сите придобивки од протеините, кои навистина имаат своја улога во организмот. Посебно се корисни ако се занимавате со спорт затоа што градат мускули, но и ако сте на диета бидејќи тогаш ви даваат чувство на ситост, но и спречуваат намалување на мускулната маса. Значи, можеби навистина е вашиот нов омилен појадок…

Состојки за протеинскиот смути:

банана

боровинки

урми

свеж кељ

мелени семки од лен

карфиол цветови

чоколаден протеин во прав

какао во прав

незасладено бадемово млеко

Подготовка на протеинското смути:

Извадете ги јамките од урмите, измијте го и исчистете го кељот пред да го ставите во блендер. Додадете ги сите состојки и ставете ги во блендер со голема брзина. Мешајте додека смесата не стане мазна. Слободно додадете бадемово млеко во зависност од тоа колку густо или тенко го сакате вашето смути. Доколку сакате дополнително да го збогатите вкусот на вашиот нов омилен појадок, можете да додадете некои од овие состојки: путер од јаткасти плодови, гранола, чиа семе, семе од коноп, исечени бадеми, индиски ореви, исечени банани, исечени јаболка, диви бобинки…

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement