Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Пролетниот пијалок за детоксикација: Го чисти телото од токсини и го буди телото од зимскиот сон

Дури и ако немате навика да правите премногу грешки кога станува збор за храната, добро ќе ви дојде детоксикацијата.

Пролетта е омилена сезона за многумина. Тогаш се сè буди, дури и нашиот организам. Повеќето луѓе, штом ќе видат сонце и зеленило, добиваат дополнителна енергија, сила и волја.

И покрај пролетниот умор, имате и желба да се раздвижите и да направите нешто со вашето тело, а пред се да се ослободите од сите токсини и наслаги од силната храна.

Детоксикацијата или чистењето на организмот позитивно влијае на целокупното здравје на човекот, му помага на телото да ја врати својата природна рамнотежа, ја подига енергијата и го подобрува здравјето.

Целта на детоксикацијата е да се исчисти телото од туѓи материи и насобраниот отпад со цел функциите на телото да го достигнат својот оптимум. Здравјето на цревата е пресудно за тоа. Само кога ќе се исчистат цревата, се чисти организмот.

Сега кога научивте сè за придобивките од детоксикацијата, време е да направите еден освежителен пијалок за детоксикација.

Состојки за 1 литар:

– 2 лимони
– корен од свеж ѓумбир со големина од 2 см
– 1 краставица
– десетина свежи листови од нане
– 1 литар вода

Подготовка:
Излупете го ѓумбирот, па исечкајте мали коцкички и ставете ја смесата во бокал или тегла. Лимонот исечкајте го на прстени, а краставицата исечете ја ситно на ленти.

Сè прелијте со ладна вода, ставете свежи листови нане и оставете во фрижидер најмалку еден час.

Треба да пиете пијалок за детоксикација во текот на денот.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement