Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Природна маска за мрсна кожа: Две состојки од вашата кујна ќе направат чуда

Мрсната кожа на лицето е еден од естетските проблеми со кои се соочуваат помладите и постарите луѓе. Соодветната грижа е клучот за одржување на овој проблем под контрола. Мрсната кожа е предизвикана од зголеменото производство на себум што го лачат лојните жлезди, а последицата е неуреден изглед.

Покрај мозолчињата, флеките и лузните кои се резултат на мрсната кожа, една од поголемите непријатности е нестабилноста на шминката. Ова е чест проблем и повеќето жени сакаат да го избегнат. Добрата вест е што можете да ја држите под контрола мрсната кожа со природни маски за лице.Една од нив содржи само две состојки од вашата кујна и е многу лесна за правење:

1 ЈАЈЦЕ

1 ЛАЖИЦА ЦЕДЕН ЛИМОН

Одделете ги белките и жолчките. Белките изматете ги лесно во пена, а потоа додадете го сокот од лимон. Ставете го сето тоа заедно.

Измиј те го убаво па потоа исушете го лицето, и нанесете ја маската со кружни движења на лицето, вклучувајќи го вратот и деколтето. Држете ја маската на кожата додека не се исуши и не почне малку да се затегнува.

Исплакнете го со млака вода, а потоа продолжете со вообичаената нега.

Ефектот што го дава оваа маска ќе ве воодушеви, бидејќи вашето лице ќе биде нежно и меко, а вишокот маснотии ќе биде минато.

Користете ја оваа маска еднаш или двапати неделно.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement