Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Прави чуда за имунитетот: Една од најздравите салати во светот и како на највкусен начин да ја вклучите во вашата исхрана…

Руколата е медитеранско растение, со малку горчлив вкус, од семејството на брокула, зелка, келераба, кељ.Нејзината популарност во исхраната се зголемува насекаде низ светот,а придобивките се навистина многубројни, дополнително по својата специфична арома и вкус, одлично оди со различни јадења.Како што пишува платформата Healthline, руколата има и антиканцерогени својства, поради што многумина ја вклучуваат во исхраната.

Ова растение е богато со влакна и фитохемикалии, а има малку шеќери, калории, јаглехидрати и масти. Од друга страна, тоа е ризница на следниве витамини и хранливи материи:

Калциум
Калиум
Фолати (витамин Б)
Витамин Ц
Витамин К
Витамин А

За разлика од некои зелени салати, кои имаат поблаг вкус, руколата лесно се препознава поради нејзиниот специфичен вкус,а исто како и магдоносот може да се џвака за да се спречи лошиот здив.

Како е најдобро да се консумира?

Многу е здравa кога се јаде сировa, а е одлична и за пици, сендвичи, тортиљи…

Може да биде и салата со главното јадење, а послужете ја со малку маслиново масло, сол и бибер.

Направете оброк од салата од рукола со шери домати, пилешко на скара и ореви за оброк полн со протеини и нискокалоричен.

Добро оди со агруми и бобинки.

Со него можете да направите и песто, заедно со пармезан и борови ореви, а со тестенини и козјо сирење, добивате феноменална паста.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement