Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Поранешниот претседател на Америка е на режим како супермодел: менито на Барак Обама…

Поранешниот прв човек на Америка поседува неверојатна самодисциплина.

Поранешниот претседател на Америка, Барак Обама, буди голем интерес во јавноста, од неговото образование до неговиот поранешен мандат, но денес зборуваме за неговата линија.

Да, добро слушнавте, имено, „воодушевувањето“ не е резервирано само за женското тело, а режимот на оваа 61-годишна девојка е повеќе од импресивен.

Имено, Боб Кар, поранешниот министер за надворешни работи во Австралија, вели дека уште во 2013 година, за време на банкет во Русија, бил сведок на сцена која го изненадила.

  • Седевме сите заедно на вечера, а Барак со вилушка извади се од чинијата што содржеше шеќер или маснотии.

Си помислив: „Ова ќе биде единствениот маж што ќе го заврши мандатот со истата тежина со која го започна“, се пошегува Боб.

Имено, надалеку е познат здравиот режим на поранешниот претседател за време на неговиот престој во Белата куќа.
Иако забраната за кафе не беше апсолутна, Барак претпочиташе никој од неговите блиски вработени да не го консумира, туку наместо тоа да направи замена со зелен чај, сок од портокал или вода.

Појадок
Својот прв оброк во денот го започнува со порција од шест изматени јајца(кајгана), со малку тост и лесно пржени компири.

Во одредени денови јаде овошје или потаж.

Ручек
За ручек најмногу јаде салати со пилешко.

А интересно е што Барак и неговата сопруга Мишел за време на неговиот мандат засадија зеленчук во дворот на Белата куќа. Имено, последен пат тоа е направено пред 60 години.

Вечера
За вечера јадеше месо со чили,направено по негов рецепт, во кое се користеше црвен вински оцет, куркума и босилек.

Барак избегнува алкохолни и газирани пијалоци, а исклучок прави само за пивото, кое самиот го произведува.

Грицки
Во текот на денот за ужина јаде свежа брокула, ф’стаци или лешници.

Тој „греши“ само кога си дозволува протеинска лента. Каква дисциплина!

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement