Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Полн со калиум и витамини: Пијалок што лесно се прави, а одличен за мозокот, срцето и крвниот притисок

Рецепт за пијалок полн со калиум – добар е за срцето, мозокот и крвниот притисок!

Калиумот е минерал без кој многу метаболички процеси во организмот воопшто не би биле можни. Важен е за правилно функционирање на мозокот, срцето и мускулите и регулирање на високиот крвен притисок. Симптоми кои укажуваат на недостаток на калиум во организмот се замор, слабост, грчеви, депресивно расположение, гадење, срцева слабост, непријатност, висок крвен притисок, чешање на ушите, постојано чувство на жед.

Можете да внесете доволно калиум во вашето тело преку храна, а најмногу го има во бананите, авокадото, спанаќот, слаткиот компир, лубениците, кокосовата вода, гравот, блитвата, цвеклото и калинките.

Денес, прикажуваме рецепт за пијалок кој има супер моќен ефект врз здравјето, полн е со калиум, а покрај тоа содржи и растителни влакна, протеини, витамини и железо. Направен е едноставно и ви дава доволна доза на калиум, но исто така го зголемува нивото на енергија и одлично влијае на имунитетот.

Состојки:

1 банана
1 чаша спанаќ со мали лисја
1 мало авокадо
1 портокал
1 чаша кокосова вода
1 лажичка мед
чиа семиња

Подготовка:

Излупете, изрендајте и исечкајте го овошјето, па ставете ги сите состојки освен семето од чиа во блендер и направете уникатна каша. На крај, додадете го семето од чиа во пијалокот и оставете го да стои 30-тина минути во фрижидер, а потоа уживајте во супер енергично смути. Ако имате голема количина, можете да ја преполовите или да ја оставите во фрижидер, и да ја консумирате во текот на денот.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement