Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Полн е со витамин Ц и штити од настинка и грип: Чајот од шипка е одличен за заштита на организмот

Денес има многу различни избори на чаеви и токму поради тоа често забораваме на старите вкусни чаеви кои го лечат телото, но и духот. Еден од овие потценети лекови е и чајот од шипка, кој силно делува врз нашиот организам и ни помага да ги заблажиме здравствените тегоби, како и да ја спречиме појавата на нови. Добриот стар чај од шипка е едно мало црвено задоволство во кое има огромни придобивки за нашето здравје. Погледнете ги 5-те најголеми придобивки од пиењето чај од шипка.

1. Огромен извор на витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој помага при борбата со холестеролот. Поради големите количини витамин Ц исто така се препорачува да се консумира и за време на настинките, вирусните инфекции или грипот.

2. Го намалува крвниот притисок. Според едно истражување спроведено во 2010 година, испитаниците со висок крвен притисок кои пиеле по 3 чаши чај од шипка дневно имале значително снижување на крвниот притисок во однос на другите.

3. Намалување на симптомите на различни видови болести кои вклучуваат воспаленија. Чајот од шипка е одличен додаток при лечењето на болестите како остеоартритис. Тој ги заблажува болките и вкочанетоста, ја олеснува подвижноста, а експертите тврдат и дека помага при обновување на ‘рскавицата.

4. Лечење на потешкотиите во стомакот. Тој се користи за низа стомачни проблеми како грчеви, намалување на желудочната киселина, иритацијата и чир во желудникот. Бидејќи ги олеснува и дигестивните проблеми, тој се пие и за дијареја и за тврда столица.

5. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката. Благотворно делува при сите проблеми поврзани со камења и песок во жолчката. Исто така се користи и за детоксикација на црниот дроб.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement