Ако сте на диета и сакате да се освежите, пробајте егзотичен индиски овошен пијалок кој е богат со витамини А и Ц и има ниска калорична вредност.
Индискиот овошен пијалок е многу лесен за правење, а богат е со витамини и е погоден за луѓе на диета, бидејќи нема висока калорична вредност. Има егзотичен вкус, па убаво ќе ги освежи вашите летни денови. Комбинацијата од егзотично овошје, мед и кардамон исто така ќе ве заслади и ќе ја донесе магијата на вкусот за време на жештината.
Неговите состојки се најбогати со витамини А и Ц. Една од клучните состојки е јогуртот, кој му дава посебна текстура на пијалокот, а медот вистинска сладост и арома. Се подготвува исклучително лесно, за неколку минути, и на крајот не заборавајте да додадете коцки мраз.
Состојки:
– 1 зрело манго и исецкано на парчиња
– 1 банана излупена и исечкана
– 2 ¼ чаши јогурт со малку маснотии
– 3 лажици сок од еден лимон
– 1 лажичка мелен кардамон
– чаша течен мед
Подготовка:
Во блендер ставете јогурт, 200 мл вода, манго и банана и измиксајте додека смесата не стане хомогена. Сокот од лимон го промешувате заедно со кардамонот, медот и коцки мраз. Егзотичниот пијалок се сервира во стаклени чаши. Уживајте!
